Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 22:54-62

Лука 22:54-62 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Тие Го уапсија Исуса и Го одведоа во куќата на Првосвештеникот. А Петар Го следеше оддалеку. На средината на дворот запалија оган и поседнаа наоколу. Им се придружи и Петар. Една од слугинките го забележа крај огнот, се загледа во него и рече: „И овој човек беше следбеник на Исус!“ Но Петар почна да одречува: „Жено! Јас не Го ни познавам!“ По извесно време, еден друг човек го забележа, па и тој рече: „И ти си еден од нив!“ Но Петар му одговори: „Не сум, човеку!“ Измина уште приближно еден час, кога некој пак тврдеше, велејќи: „Несомнено, и овој беше со Исус, а и Галилеец е!“ Но Петар и овојпат одговори: „Не знам што зборуваш, човеку!“ Во истиот миг, додека Петар уште зборуваше, запеа петел. Свртувајќи се, Господ Исус погледна во Петар. Тогаш Петар се сети на Господовите зборови, што порано му ги беше кажал: ,Пред да запеат петлите в зори, ти трипати ќе одречеш дека Ме познаваш!‘ Тогаш Петар излезе оттаму и горко заплака.

Лука 22:54-62 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И кога Го фатија, Го поведоа и од­ведоа во домот на првосвештеникот. А Петар оддалеку одеше по Него. Кога запалија оган во дворот и седнаа наоколу, седна и Петар меѓу нив. А една слугинка, штом го виде како седи покрај огнот, погледна на него и рече: „И овој беше со Него!“ Но тој се одрече од Него, велејќи: „Жено, не Го познавам!“ Малку потоа, кога го виде еден друг, рече: „И ти си од нив!“ Но Петар му рече: „Човеку, не сум!“ А кога мина време околу еден час, еден друг човек почна да тврди, зборувајќи: „Навистина, и овој беше со Него, зашто е Галилеец!“ Но Петар рече: „Човеку, не знам што зборуваш!“ И одеднаш, уште додека говореше, запеа петел. Тогаш Господ се заврти и го пог­ледна Петар, а Петар се сети на Гос­по­довите зборови што Му ги беше рекол: „Уште додека петел не пропее, трипати ќе се одречеш од Мене.“ И штом излезе надвор, заплака гор­ко.

Лука 22:54-62 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А кога Го фатија, Го одведоа и Го воведоа во домот на прво-свештеникот. Петар одеше по Него оддалеку. Кога пак запалија оган среде дворот и седнаа наоколу, и Петар седеше меѓу нив. И кога една слугинка го виде како седи до огнот, се загледа во него и рече: „И овој беше со Него!“ Но тој одрече, велејќи: „Жено, не Го познавам!“ И малку потоа, го виде некој друг и рече: „И ти си од нив!“ А Петар рече: „Човеку, не сум!“ И кога помина околу еден час време, еден друг потврдуваше: „Навистина, и овој беше со Него, зашто е Галилеец!“ А Петар рече: „Човеку, не знам што зборуваш!“ И веднаш - додека уште зборуваше - петел запеа. Тогаш Господ се заврти и го погледна Петра; и Петар се сети на Господовите зборови, што му ги рече: „Пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене!“ И Петар штом излезе надвор заплака горко.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност