Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛУКА 22:54-62

ЛУКА 22:54-62 MKB

А кога Го фатија, Го одведоа и Го воведоа во домот на прво-свештеникот. Петар одеше по Него оддалеку. Кога пак запалија оган среде дворот и седнаа наоколу, и Петар седеше меѓу нив. И кога една слугинка го виде како седи до огнот, се загледа во него и рече: „И овој беше со Него!“ Но тој одрече, велејќи: „Жено, не Го познавам!“ И малку потоа, го виде некој друг и рече: „И ти си од нив!“ А Петар рече: „Човеку, не сум!“ И кога помина околу еден час време, еден друг потврдуваше: „Навистина, и овој беше со Него, зашто е Галилеец!“ А Петар рече: „Човеку, не знам што зборуваш!“ И веднаш - додека уште зборуваше - петел запеа. Тогаш Господ се заврти и го погледна Петра; и Петар се сети на Господовите зборови, што му ги рече: „Пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене!“ И Петар штом излезе надвор заплака горко.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност