Лука 22:47-51
Лука 22:47-51 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И уште додека Тој зборуваше, ете, се појави мноштво луѓе заедно со еден од Дванаесетте, наречен Јуда, кој се приближи до Исус да Го целива. (Зашто таков знак им беше дал: „Кого ќе Го целивам, Тој е.“) А Исус му рече: „Јудо, со целив ли Го предаваш Синот Човечки?“ Оние, пак, што беа со Него, кога видоа што ќе стане, Му рекоа: „Господи, да удриме ли со нож?“ И еден од нив го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече десното уво. А Исус одговори и рече: „Оставете го тоа, запрете!“ Па го допре увото негово и го исцели.
Лука 22:47-51 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Уште додека Исус зборуваше, пристигна толпа народ, предводена од Јуда, кој беше еден од дванаесеттемина Исусови ученици. Јуда Му се приближи на Исус, за да Го бакне, во знак на поздрав. А Исус му рече: „Јуда! Зар со бакнеж Го предаваш Синот Човечки!?“ Кога учениците на Исус сфатија што се случува, повикаа: „Господе! Да се браниме со ножеви!“ И еден од нив замавна кон слугата на Првосвештеникот и му го отсече увото. Но Исус им рече: „Престанете!“ Потоа со допир му го исцели увото на човекот.
Лука 22:47-51 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Додека уште зборуваше, ете, едно множество, пред кого одеше еден од Дванаесетмината, кој се викаше Јуда, и Му се приближи на Исуса да Го целива. Но Исус му рече: „Јудо, со целив ли Го предаваш Човечкиот Син!“ А кога оние, кои беа со Него, видоа што ќе стане, рекоа: „Господи, да удриме ли со меч?“ И еден од нив, го удри слугата на прво-свештеникот и му го отсече десното уво. А Исус одговори и рече: „Оставете Го тоа!“ И се допре до увото и го излечи.