Уште додека Исус зборуваше, пристигна толпа народ, предводена од Јуда, кој беше еден од дванаесеттемина Исусови ученици. Јуда Му се приближи на Исус, за да Го бакне, во знак на поздрав. А Исус му рече: „Јуда! Зар со бакнеж Го предаваш Синот Човечки!?“ Кога учениците на Исус сфатија што се случува, повикаа: „Господе! Да се браниме со ножеви!“ И еден од нив замавна кон слугата на Првосвештеникот и му го отсече увото. Но Исус им рече: „Престанете!“ Потоа со допир му го исцели увото на човекот.
Прочитај Лука 22
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 22:47-51
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа