Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 22:39-46

Лука 22:39-46 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Потоа Исус си замина од горната соба и отиде, како и обично, на Маслиновата Гора. Со Него појдоа и Неговите ученици. Кога стигна на тоа место, им рече: „Молете се да не потклекнете пред искушението!“ А Тој се одвои од нив, на растојание колку што може да се фрли камен со рака и клекна да се моли: „Небесен Татко! Ако сакаш, Те молам поштеди Ме од оваа страдалничка чаша! Сепак, нека се исполни Твојата волја, а не Мојата желба.“ Тогаш Му дојде ангел од небото и Го бодреше. Кога Го обзеде стравотна внатрешна борба, Тој уште поревносно се молеше, така што пот му капеше по земјата како капки од крв. Станувајќи од молитва, Тој се врати кај Своите ученици и ги затекна заспани, премалени од големата тага. Па им рече: „Зошто спиете!? Станете и молете се за да не потклекнете пред искушението!“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност