И излезе и отиде, според обичајот, на Маслиновата Гора; а учениците одеа по Него. И кога дојде на местото, им рече: „Молете се, за да не паднете во искушение.“ И Тој се оддели од нив, колку што може да се фрли камен, и клекна на колена и се молеше, велејќи: „Татко! Ако сакаш, отстрани ја оваа чаша од Мене! Но нека не биде Мојата, туку Твојата волја!“ И Му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше. И кога се најде во борба, се молеше уште поусрдно; а потта Му стана како капки крв, што паѓаа на земјата. И кога стана од молитвата, дојде при учениците и ги најде заспани од тага; и им рече: „Зошто спиете! Станете и молете се, за да не паднете во искушение!“
Прочитај ЛУКА 22
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЛУКА 22:39-46
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа