Лука 21:34-36
Лука 21:34-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Чувајте се да не се занесете во прослави, во пиење или во прекумерни грижи за овој живот, зашто Оној ден ќе ве затекне ненадејно, како замка што ќе дојде по сите луѓе, во целиот свет! Бидете на штрек и молитва во секое време, за да имате сили успешно да го пребродите сето ова што ќе се случи и да застанете исправени пред Синот Човечки.“
Лука 21:34-36 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Само пазете се: вашите срца да не бидат натежнати од прејадување и пијанство, и тегобни грижи за овој живот, за да не ве затекне оној ден ненадејно; зашто тој ќе дојде како стапица за сите што живеат по целата земја; бидете будни во секое време и молете се, за да го избегнете сето она што треба да се случи и да застанете пред Синот Човечки!“
Лука 21:34-36 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Но, внимавајте на себеси, вашите срца да не бидат оптоварени со прејадување и пијанство, со животни грижи и да не ве затече ненадејно оној ден, зашто како примка ќе дојде за сите кои живеат по целата земја. Туку, бдејте и молете се во секое време, за да успеете да избегнете од сето ова што ќе настане, и да застанете пред Човечкиот Син.“