Лука 21:25-27
Лука 21:25-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Необични појави ќе има на Сонцето, на Месечината и на ѕвездите. На Земјата цели народи ќе бидат потиштени и исплашени пред неизвесноста и бучавата на морето и разбеснетите бранови. Луѓето ќе премираат од страв, во исчекување на она што ќе го снајде светот, зашто и вселенските сили ќе отстапат од законитоста по која дејствуваат. Тогаш ќе Го видат Синот Човечки, како доаѓа на облак со величествена моќ и слава!
Лука 21:25-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„И ќе има знаци на сонцето, и на месечината и на ѕвездите, а на земјата – тага кај народите од неизвесноста и од бучењето на морето, и од брановите; луѓето, пак, ќе умираат од страв и од исчекување на она што ќе го снајде светот, зашто и силите небесни ќе бидат разнишани. И тогаш ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на облаци, со голема сила и слава.
Лука 21:25-27 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите; а на земјата народите ќе бидат опфатени од страв и збунетост од бучењето и од морските бранови; луѓето ќе примираат од страв, од исчекувањето на она, што ќе го најде светот, зашто небесните сили ќе се затресат. И тогаш ќе Го видат Човечкиот Син како доаѓа на облак со голема сила и слава.