Лука 21:1-4
Лука 21:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кружејќи со погледот, Исус виде како богатите ставаат големи парични прилози во храмот. Потоа виде и една сиромашна вдовица која стави само две бакарни парички, па рече: „Ве уверувам дека оваа сиромашна вдовица даде поголем прилог од сите, бидејќи, сите други дадоа прилози за храмот од вишокот што го имаат, а таа, и покрај својата сиромаштија, ја даде сета своја животна издршка.“
Лука 21:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога ги подигна очите, виде како богатите ги пуштаат своите прилози во касата на храмот. Виде исто така и една бедна вдовица, која пушти таму две лепти, па рече: „Вистина ви велам, оваа бедна вдовица од сите повеќе приложи; сите овие дадоа прилози на Бога од својот вишок; таа, пак, пушти од својата немаштија – сиот имот што го имаше.“
Лука 21:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога ги подигна очите, виде како богатите ги пуштаат своите дарови во благајната. А виде и една бедна вдовица, како пушти таму две лепти, и рече: „Вистина ви велам, беднава вдовица пушти повеќе од сите, зашто сите овие приложија дар за Бога, од својот вишок; а таа од својата немаштија: пушти сѐ што имаше за живеење.“