Лука 19:1-6
Лука 19:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Исус влезе во Јерихо и мина низ градот. Одеднаш, Му пристапи еден човек, по име Закеј, кој беше богат даночен управник. Тој се обидуваше да види како изгледа Исус, но беше низок по раст и од многубројниот народ не можеше да Го види. Затоа, тој истрча пред народот и се искачи на една дива смоква крај која требаше да помине Исус, за да Го види. Кога Исус втаса до тоа место, погледна нагоре и му рече: „Закеј! Слези брзо! Денес доаѓам во твојот дом!“ Закеј бргу слезе и сиот радосен Го прими Исуса на гости во својот дом.
Лука 19:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Потоа влезе Исус во Ерихон и минуваше низ него. И ете, еден човек по име Закхеј, кој беше началник на цариниците, и беше богат, настојуваше да види Кој е Тој Исус, но не можеше од народот, зашто беше низок по раст. Затоа потрча напред и се качи на една смоква за да Го види, бидејќи покрај неа требаше да помине. Исус, пак, кога дојде на тоа место, погледна нагоре, го виде и му рече: „Закхеј, слези побргу, зашто денес треба да бидам во твојот дом.“ И тој веднаш слезе и Го прими со радост.
Лука 19:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога влезе во Ерихон, минуваше низ градот. И ете, некој човек, по име Закхеј, кој беше началник на цариниците и богат, сакаше да Го види Исуса, Кој е, но не можеше од народот, зашто беше низок по раст. И истрча напред, се качи на дива смоква за да Го види, зашто требаше да мине покрај неа. И кога Исус дојде на тоа место, погледна нагоре и му рече: „Закхеј, слези бргу, денес треба да бидам во твојот дом!“ И слезе веднаш и Го прими на гости со радост.