Исус влезе во Јерихо и мина низ градот. Одеднаш, Му пристапи еден човек, по име Закеј, кој беше богат даночен управник. Тој се обидуваше да види како изгледа Исус, но беше низок по раст и од многубројниот народ не можеше да Го види. Затоа, тој истрча пред народот и се искачи на една дива смоква крај која требаше да помине Исус, за да Го види. Кога Исус втаса до тоа место, погледна нагоре и му рече: „Закеј! Слези брзо! Денес доаѓам во твојот дом!“ Закеј бргу слезе и сиот радосен Го прими Исуса на гости во својот дом.
Прочитај Лука 19
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 19:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа