Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 18:1-14

Лука 18:1-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Им кажа и една парабола за тоа како е потребно секогаш да се молат и да не паѓаат со духот. И рече: „Во некој град си беше еден судија, кој од Бога не се плашеше, ниту од луѓето се срамуваше. Во истиот град живееше една вдовица и доаѓаше кај него, велејќи: ‚Заш­тити ме од мојот противник!‘ Но тој за долго време не сакаше. Најпосле си рече во себе: ‚Иако од Бога не се плашам и од луѓето не се срамувам, но, бидејќи оваа вдовица не ми дава мир, ќе ја заштитам, за да не доаѓа по­веќе и да не ми додева.‘“ И рече Господ: „Чујте што зборува несправедливиот судија! Зарем Бог нема да ги одбрани Сво­и­те избраници, што викаат кон Него де­ње и ноќе; макар и да забави? Ви велам, ќе ги одбрани набргу. Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?“ А на оние што беа уверени во себе дека се праведни и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола: „Два човека влегоа во храм да се помолат: едниот фарисеј, а другиот цариник. Кога застанаа, фарисејот вака се молеше во себе: ‚Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе; разбојници, несправедливи, прељубници, или како овој цариник. Постам двапати во седмицата, да­вам десеток од сѐ што ќе стекнам.‘ А цариникот стоеше одда­леку; не смееше дури и очите да ги по­дигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: ‚Боже, биди милостив спрема мене грешниот!‘ Ви велам: тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној, зашто секој што самиот себе се возвишува, ќе биде понизен, а кој се понизува себе самиот, ќе биде возвишен.“

Лука 18:1-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Потоа Исус им ја кажа следнава споредба, за да им покаже дека треба постојано да се молат и да не се обесхрабруваат. „Во еден град имаше судија кој немаше ни страхопочит спрема Бог, ни срам од луѓето. Во истиот град имаше и една вдовица, која честопати доаѓаше кај него и го молеше: ,Заштити ме од мојот противник!‘ Судијата долго време не преземаше ништо, но најпосле си рече: ,Иако јас немам ни страхопочит спрема Бог, ни срам од луѓето, сепак, заради упорноста на оваа жена ќе се заложам за неа, за да престане да доаѓа и да ми додева!‘“ Во продолжение, Господ рече: „Чувте ли што рекол неправедниот судија? Зар нема и Бог да се заземе за Своите луѓе, кои Му се молат дење и ноќе!? Зар ќе задоцни со Својата помош? Ве уверувам дека Тој брзо ќе се заземе за нив! Само, ќе најдам ли Јас, Синот Човечки, луѓе што ќе имаат вера кога ќе се вратам на Земјата?“ За оние што беа самоуверени во својата праведност и ги потценуваа другите, Исус ја кажа следнава споредба: „Двајца мажи влегоа во храмот да се молат; едниот беше фарисеј, а другиот собирач на данок. Горделивиот фарисеј стоеше одвоено и се молеше вака: ,Ти благодарам, Боже, што јас не сум грешник, како што се другите луѓе: разбојници, нечесни, прељубници; ниту пак како овој собирач на данок, овде! Двапати неделно постам и во храмот давам десеток од сите мои приходи!‘ А собирачот на данок стоеше подалеку и не се осмелуваше ни да погледне кон небото, туку се удираше во градите и се молеше вака: ,Боже! Имај милост спрема мене, зашто јас сум грешник!‘ Ве уверувам дека собирачот на данок, а не фарисејот, си замина оправдан пред Бога! Зашто, оној што се крева на големо - ќе биде понижен, а оној што се понизува - ќе биде издигнат!“

Лука 18:1-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А им кажа парабола како треба секогаш да се молат и да не се обесхрабруваат. И рече: „Во еден град беше некој судија, кој не се боеше од Бога, и не се грижеше за луѓето. А во истиот град имаше и една вдовица, која доаѓаше при него и му се молеше: ‘Заштити ме од мојот противник!’ Тој нејќеше некое време; после си рече во себеси: ‘Иако не се бојам од Бога, ниту се грижам за луѓето; ќе ѝ го дадам правото на оваа вдовица, зашто ми додева, за на крај да не дојде и да ме нападне.’“ И Господ рече: „Чујте, што зборува неправедниот судија!“ Та Бог ли нема да ги заштити Своите избраници, кои викаат кон Него, дење и ноќе, имајќи трпение со нив? Ви велам, ќе ги одбрани скоро. Но, кога ќе дојде Човечкиот Син, ќе најде ли вера на земјата?“ А на некои, кои беа уверени во себе дека се праведни, и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола: “Два човека влегоа во Храм да се помолат: едниот фари-сеј, а другиот цариник. Фарисејот застана и се молеше во себеси вака: ‘Боже! Ти благодарам што не сум како другите луѓе - разбојници, неправедници, прељубници, или како овој цариник; постам двапати во седмицата и давам десеток од сѐ што придобивам.’ А цариникот стоеше далеку и не сакаше ни очите да ги подигне кон небото, туку се удираше по градите и велеше: ‘Боже, биди милостив спрема мене греш-никот!’ Ви велам, овој се врати дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој кој се возвишува себеси, ќе биде понижен; а кој се понизува себеси, ќе биде возвишен.“