Лука 17:11-17
Лука 17:11-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
На Својот пат кон Ерусалим, Исус минуваше по должината на границата меѓу Самарија и Галилеја. Токму кога влегуваше во едно село, Го пресретнаа десет заболени од лепра. Застанаа на извесно растојание и повикаа: ,Исусе! Господару! Имај милост спрема нас!‘ Исус ги погледна и им рече: ,Одете на преглед кај свештениците!‘ Додека одеа таму, оздравеа. Еден од нив, кога виде дека оздраве, се врати кај Исус, славејќи Го Бога на сиот глас. Падна ничкум пред Исусовите нозе и почна да Му се заблагодарува. Тој човек беше Самарјанец. Тогаш Исус рече: „Зар не исцелив десетмина? Каде се останатите девет души?“
Лука 17:11-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А кога одеше за Ерусалим, Тој поминуваше меѓу Самарија и Галилеја. Кога влегуваше во едно село, Го сретнаа десет лепрозни и застанаа подалеку, па со силен глас повикаа: „Исусе Учителе, смилувај се!“ Штом ги виде, им рече: „Отидете и покажете им се на свештениците!“ И тие, уште додека одеа, се очистија. А еден од нив, кога виде дека е излекуван, се врати и Го прослави Бога гласно; и падна ничкум пред нозете Негови, благодарејќи Му. А тој беше Самарјанин. Исус, пак, одговори и рече: „Зар не се излекуваа десетмина? Каде се другите девет?
Лука 17:11-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога одеше за Ерусалим, поминуваше меѓу Самарија и Галилеја. И кога влегуваше во едно село, го сретнаа десет лепрозни мажи, кои застанаа пода-леку и го поткренаа гласот, велејќи: „Исусе, Учителе, смилувај ни се!“ А кога ги виде, им рече: „Одете и покажете им се на свеш-тениците!“ И се очистија додека одеа. А еден од нив, кога виде дека оздравел, се врати славејќи Го Бога гласно. И падна на лице при Неговите нозе и Му благодари. А тој беше Самарјанец. Тогаш Исус одговори и рече: „Зар не се очистија десетмина? Каде се уште деветте?