Лука 16:10-13
Лука 16:10-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тој што е верен во мали работи, ќе биде верен и во големи, а тој што е нечесен во мали работи, ќе биде нечесен и во големи. Ако не се покажете верни со земното богатство, кое не е вистинско богатство, не очекувајте да ви биде доверено вистинското, небесно богатство. Ако не сте верни со она што не е ваше, не очекувајте дека ќе ви биде дадено вашето!“ „Ниеден слуга не може верно да им служи на двајца господари: или едниот ќе го сака, а другиот ќе го мрази, или едниот ќе го почитува, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите и на Бог и на парите!“
Лука 16:10-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Верниот во малку и во многу е верен, а несправедливиот и во многу и во малку е несправедлив. Па така, ако во неправедното богатство не бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското? И ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето? Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бога и на Мамон.“
Лука 16:10-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кој е верен во најмалото - верен е и во многу; а несправедливиот во најмалото, несправедлив е и во многу. И така, ако не бевте верни во несправедливото богатство, кој ќе ви го довери вистинското? И ако не бевте верни во туѓото, кој ќе ви го даде она што е ваше? Ниеден слуга не може да им служи на два господара; зашто, или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе се приврзе кон едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да Му служите на Бога и на мамона!“