Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 14:15-24

Лука 14:15-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А кога го слушна тоа еден од оние што седеа со Него на трпезата, Му ре­че: „Блажен е оној кој ќе јаде леб во царството Божјо!“ А Тој му одговори: „Еден човек приготви голема вечера и покани мно­зи­на; и кога беше време за вечерата, го прати слугата свој да им каже на по­ка­нетите: ‚Дојдете, зашто веќе сѐ е подготвено!‘ И почнаа сите, како договорени, да откажуваат; првиот му рече: ‚Купив нива и ќе треба да одам да ја видам; те мо­лам, извини ме!‘ Вториот рече: ‚Купив пет ѕевгари волови и одам да ги пробам; те молам, извини ме!‘ Третиот рече: ‚Се оженив и затоа не можам да дојдам.‘ Кога се врати слугата, му го кажа тоа на својот господар. Тогаш се расрди домаќинот на куќата и му рече на својот слуга: ‚Оди бргу по плоштадите и улиците градски и донеси ги тука бедните, слабите, куците и слепите!‘ И рече слугата: ‚Господаре, направив како што ми заповеда и уште има место.‘ И му рече господарот на слугата: ‚Излези по патиштата и меѓу оградите и убеди ги да дојдат за да ми се наполни куќата!‘ Зашто, ви велам: никој од оние што беа повикани нема да вкуси од вечерата Моја.“

Лука 14:15-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Кога го чу ова еден од оние што седеа на трпезата, Му рече на Исуса: ,Блазе на оние што ќе седат на трпеза во Божјото царство!‘ А Исус му одговори со следнава споредба: “Си беше еднаш еден човек, кој приготви голема вечера и им упати покани на голем број гости. Кога дојде времето за вечерата, тој го испрати својот слуга да ги повика гостите, велејќи им: ,Дојдете, сe е подготвено!‘ Но сите тие, еден по друг, почнаа да се изговараат. Првиот му рече: ,Купив нива и морам да одам да ја видам; прости, но не можам да дојдам.‘ Вториот му рече: ,Купив пет ѕевгари волови и морам да одам да ги испробам; прости, но не можам да дојдам.‘ Третиот му рече: ,Штотуку се оженив и не ќе можам да дојдам.‘ Слугата се врати дома и му раскажа сe на својот господар. Домаќинот многу се налути и му рече на својот слуга: ,Оди бргу по раскрсниците и по градските улици и доведи ги сиромасите, куците, слепите и сакатите!‘ Набргу, слугата го извести: „Господару, направено е сe како што заповеда, но има уште слободни места!‘ Тогаш господарот му рече на слугата: ,Излези по патиштата и меѓу оградите и поттикни ги луѓето да дојдат, за да ми се наполни куќата! Ве уверувам, дека, ни еден од оние што беа поканети на почетокот, нема да вкуси од мојата вечера!‘“

Лука 14:15-24 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Кога го чу тоа еден од гостите, Му рече: „Блажен е оној, кој ќе јаде леб во Божјото Царство!“ Тој му рече: „Еден човек при-готви голема вечера и повика мнозина. А кога беше време за вечера, го испрати својот слуга да им рече на повиканите: ‘Дојдете, зашто веќе сѐ е готово!’ И сите, како договорени, почнаа да се извинуваат. Првиот рече: ‘Купив нива и треба да отидам да ја видам. Те молам, извини ме!’ Другиот му рече: ‘Купив пет двојки волови и одам да ги пробам; те молам, извини ме!’ И третиот рече: ‘Се оженив, затоа не можам да дојдам!’ И слугата дојде и му го кажа тоа на својот господар. Тогаш домаќинот се разгневи и му рече на својот слуга: ‘Излези бргу на раскрсниците и градските улици и доведи ги ваму бедните, сака-тите, слепите и хромите!’ И слугата му рече: ‘Господаре, напра-вено е како што заповеда, но уште има место.’ И господарот му рече на слугата: ‘Излези по патиштата и по оградите и натерај ги да дојдат, за да се наполни мојот дом. Зашто ви велам: ниеден од повиканите нема да вкуси од мојата вечера.’“