Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 10:3-11

Лука 10:3-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Одете! Ете, Јас ве испраќам како јагненца среде волци. Не носете со себе ни ќесе, ни торба, ниту обувки и никого патем не поздра­вувајте! И во секоја куќа во која ќе влезете, прво кажете: ‚Мир на оваа куќа!‘ Па, ако биде таму синот на мирот, вашиот мир ќе почива на него; инаку, тој ќе се врати во вас; и во таа куќа останете, јадете и пијте што ќе ви дадат; зашто работникот ја заслужува својата награда. Не преместувајте се од куќа в куќа. И во секој град во кој ќе влезете, и ќе ве примат, јадете што ќе принесат пред вас; лекувајте ги болните што се во него и говорете им: ‚Се приближи до вас царството Божјо.‘ А во кој, пак, град влезете и не ве примат, излезете по улиците негови и кажете: ‚И правот од вашиот град што се прилепил на нас, ви го истресуваме; но знајте го тоа, дека се приближи цар­ството Божјо.‘

Лука 10:3-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Одете! Ве испраќам како јагниња меѓу волци. Не носете со себе ни ќесе со пари, ни торба, ни обувки! Не застанувајте по пат, дури ни за да се поздравите со некого. При влегувањето во секоја куќа, најпрво благословете со зборовите: ,Мир да има во оваа куќа!‘ Ако во таа куќа живее мирољубив човек, мирот навистина ќе му остане; ако не, повлечете го благословот за мир. Задржете се во истата куќа, јадете и пијте од она што имаат да ви дадат, зашто тој што работи ја заслужува својата плата. Не шетајте од куќа до куќа. Кога ќе влезете во некој град каде што ќе ве примат, јадете од тоа што ќе ви го принесат. Исцелувајте ги болните во тој град и зборувајте му на народот: ,Божјото царство допре и до вас!‘ Кога ќе стигнете во некој град каде што нема да ве примат, излезете на улиците и речете им: ,Ви го истресуваме дури и правот од вашиот град, што ни се прилепил за нозете! Но, да знаете дека Божјото царство се доближи и до вас!‘

Лука 10:3-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Одете! Ете, Јас ве праќам како јагниња меѓу волци. Не носете ни мало торбиче за сребреници, ни торба, ниту обувки и не поздравувајте никого патем! И во која куќа влезете, најнапред речете: „Мир на оваа куќа!“ И ако биде таму синот на мирот, вашиот мир ќе остане на неа; а ако ли не, ќе се врати при вас. Останете во таа куќа, јадете и пијте што имаат, зашто трудбеникот ја заслужува својата плата. Не преоѓајте од куќа во куќа. И ако влезете во некој град и ве примат, јадете што ќе изнесат пред вас! Исцелувајте ги болните во него и говорете им: „Божјото Царство се приближи до вас!“ Ако пак влезете во некој град и не ве примат, излезете на неговите улици и речете: “И правот од вашиот град - што се залепил на нашите нозе - ви го истресуваме; но знајте го ова - Божјото Царство се приближи.“