Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 1:26-35

Лука 1:26-35 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

По шест месеци, Бог го испрати ангелот Гаврил во галилејскиот град Назарет, кај една девица по име Марија која му беше свршеница на Јосиф, потомок на царот Давид. Доаѓајќи кај неа, ангелот и рече: „Радувај се, зашто си преблагословена и Господ е со тебе!“ Марија се исплаши кога ги чу овие зборови и почна да размислува за значењето на необичниот поздрав. Ангелот и рече: „Не плаши се, Марија, Бог ти е благонаклонет! Ти ќе забремениш, ќе родиш Син и ќе Му дадеш име Исус. Тој ќе биде велик и ќе биде наречен Син на Севишниот. Господ Бог ќе Му го даде Нему престолот од Неговиот предок, царот Давид. Тој вечно ќе владее меѓу потомците на Јаков и Неговото царство ќе нема крај.“ Тогаш Марија му рече на ангелот: „Како ќе родам дете, кога јас сум девица!?“ Ангелот и одговори: „Преку Светиот Дух, Кој ќе слезе, ќе те исполни и силата на Севишниот ќе се спушти врз тебе. Затоа и Детето што ќе го родиш ќе биде свето и ќе биде наречено Божји Син.

Лука 1:26-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А во шестиот месец беше испратен од Бога ангелот Гаврил во галилејскиот град, по име Назарет, кај една девојка. Таа беше свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов; а името на девојката ѝ беше Марија. И кога влезе ангелот кај неа, рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со те­бе!“ А таа, штом го виде, се вознемири од зборовите негови и размислуваше што значи тој поздрав. И ѝ рече ангелот: „Не плаши се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога; и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус. Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот тат­ко Давид; и ќе царува над домот Јаковов за­се­когаш, и царувањето Негово нема да има крај.“ А Марија му рече на ангелот: „Ка­ко ќе биде тоа кога јас не знам за маж?“ Ангелот ѝ одговори и рече: „Свети­от Дух ќе слезе на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји.

Лука 1:26-35 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А во шестиот месец, Бог го испрати ангелот Гавриел во галилејскиот град, по име Назарет, при девица свршена за маж, по име Јосиф, од Давидовиот дом. А името на девицата беше Марија. И кога ангелот дојде при неа ѝ рече: „Радувај се благодатна! Гос-под е со тебе, благословена си ти меѓу жените!“ Таа се уплаши од тој збор и размислуваше: каков поздрав ќе биде тоа? Тогаш ангелот ѝ рече: „Не бој се Марија, зашто си нашла милост пред Бога. И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус. Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Сѐвишниот. И Господ Бог ќе Му го даде престолот на Неговиот татко Давид. И ќе царува над Јакововиот дом довека, и Неговото Царство не ќе има крај.“ А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа, кога не знам за маж?“ Ангелот одговори и ѝ рече: „Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Сѐвишниот ќе те осени; затоа Светото кое ќе биде родено од тебе - ќе се нарече Божји Син.