Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 1:26-35

Лука 1:26-35 MK2006

А во шестиот месец беше испратен од Бога ангелот Гаврил во галилејскиот град, по име Назарет, кај една девојка. Таа беше свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов; а името на девојката ѝ беше Марија. И кога влезе ангелот кај неа, рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со те­бе!“ А таа, штом го виде, се вознемири од зборовите негови и размислуваше што значи тој поздрав. И ѝ рече ангелот: „Не плаши се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога; и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус. Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот тат­ко Давид; и ќе царува над домот Јаковов за­се­когаш, и царувањето Негово нема да има крај.“ А Марија му рече на ангелот: „Ка­ко ќе биде тоа кога јас не знам за маж?“ Ангелот ѝ одговори и рече: „Свети­от Дух ќе слезе на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји.

Video for Лука 1:26-35