Левитска 11:2-8
Левитска 11:2-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Кажете им на синовите на Израел и речете им: ова се животните што ги има на земјата, кои можете да ги јадете – секое животно што има раздвоени копита и длабок рез меѓу копитата, и кое прежива, тоа да го јадете. Од оние што преживаат или имаат раздвоени копита, не јадете ги само овие: камилата, бидејќи таа прежива, но нема и раздвоени копита; таа е за вас нечиста. И питом зајак, бидејќи прежива, но нема раздвоени копита, нечист е за вас, и див зајак кој прежива, а нема раздвоени копита, нечист да биде за вас, и свињата, бидејќи има раздвоени копита и длабок рез меѓу копитата, но не прежива – нечиста е таа за вас. Од месото нивно да не јадете, ниту, пак, мршите нивни да ги допирате – тие се за вас нечисти.
Левитска 11:2-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)
„Кажете им на Израелевите синови вака: ‘Еве ги животните што од сите четвороношци можете да ги јадете: секое што има копита, но раздвоени копита и што прежива, можете да го јадете. Но овие, иако преживаат или имаат копита, не смеете да ги јадете: камилата, зашто иако прежива, нема раздвоени копита - нечиста е за вас; и зајакот, зашто иако прежива, нема раздвоени копита - нечист е за вас; дивиот зајак, иако прежива, нема раздвоени копита - нечист е за вас. А свињата, иако има копита, не прежива - нечиста е за вас. Не јадете го нивното месо, ниту да се допирате до нивната мрша - тие се нечисти за вас.’