Исус Навин 22:1-5
Исус Навин 22:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш Исус го повика Рувимовото и Гадовото племе и едната половина од Манасиевото племе и им рече: „Вие чувте сѐ, што ви беше заповедано од Мојсеј, слугата Господов, и ги послушавте сите мои зборови во сѐ, што ви заповедав; вие не ги напуштавте браќата свои во текот на многу денови и ги запазивте заповедите на Господ, вашиот Бог. Сега Господ, вашиот Бог, ги успокои вашите браќа, како што им беше говорел; и така, вратете се и одете во домовите ваши, во земјата на вашето наследство, што ви ја даде Мојсеј, слугата Господов, од онаа страна на Јордан; само пазете грижливо да ги исполнувате заповедите и законот, што ви го даде Мојсеј, слугата Господов: да Го сакате Господа, вашиот Бог, да одите по сите Негови патишта, да ги пазите заповедите Негови, да се приврзувате кон Него и да Му служите со сето срце ваше и со сета душа ваша.“

Исус Навин 22:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш Исус ги свика синовите Рувимови и Гадови и половината од Манасиевото племе, и им рече: „Извршивте сѐ што Мојсеј, Господовиот слуга, ви заповеда, и ме послушавте во сѐ што ви наредив. Не ги оставивте своите браќа и покрај долгото војување до денешниот ден, и ги вршевте верно заповедите на Господа, својот Бог. Сега Господ, вашиот Бог, им даде мир на вашите браќа, како што им беше ветил. Вратете се сега во своите шатори, во земјата што ви ја даде Мојсеј, Господовиот слуга: во наследство од онаа страна на Јордан. Само внимавајте да ги исполнувате заповедите и Законот што ви го даде Мојсеј, Господовиот слуга: да Го љубите Господа, својот Бог, да одите секогаш по неговите патишта, да ги чувате Неговите заповеди, да се држите покрај Него и да Му служите со сето срце и со сета душа.“