Исус Навин 10:12-13
Исус Навин 10:12-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш Исус Му рече на Господ пред Израелците во оној ден, во кој Господ Бог ги предаде Аморејците во рацете на Израел: „Запри се, сонце, над Гаваон, и ти, месечино, над долината Ајалон!“ И сонцето застана, и месечината стоеше, додека Бог им се одмаздуваше на нивните непријатели, како што е тоа запишано во Книгата на Праведниот: „Сонцето застана на небото и не брзаше да зајде скоро цел ден.“
Исус Навин 10:12-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во оној ден кога Господ им ги предаде Аморејците на Израелевите синови, Исус му се обрати на Господа и извика пред Израелците: „Сонце, застани над Гаваон, и месечино, над долината Еалон!“ И сонцето застана, и месечината се запре сѐ додека народот не им се одмазди на своите непријатели. Не пишува ли за тоа во книжниот свиток на Праведникот? И сонцето застана среде небо и не се навали кон запад речиси цел ден.