Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 2:1-10

Јов 2:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Еден ден дојдоа синовите Божји да застанат пред Господ; со нив дојде и ѓаволот да застане пред Господ. И му рече Господ на ѓаволот: „Од каде дојде?“ Му одговори ѓаволот на Господ и Му рече: „Одев по земјата и ја обиколив.“ Тогаш му рече Господ на ѓаволот: „Обрна ли внимание на Мојот слуга Јов? Зашто на земјата нема друг како него: човек непорочен, праведен, бого­бојазлив и кој го одбегнува злото, и сѐ уште цврсто се држи во својата непо­рочност; а ти Ме поттикнуваше, да го погубам без вина.“ Му одговори ѓаволот на Господ и Му рече: „Кожа за кожа, а за животот свој човек ќе даде сѐ што има; но ајде пружи рака и допри се до коските негови и плотта негова, – ќе Те благослови ли и тогаш?“ И му рече Господ на ѓаволот: „Ете, тој е во твоја рака; само душата не земај му ја.“ Си отиде ѓаволот од лицето Госпо­дово и го порази Јов со лута рана – од стапалките на нозете негови до самото теме негово. И си зеде Јов тогаш цреп за да се чеша со него, и седеше на ѓубриште­то. И му рече неговата жена: „Ти сѐ уште си цврст во непорочноста своја. Проколни Го Бога и умри!“ Но тој ѝ рече: „Говориш како без­умна. Зар доброто да го примаме од Бога, а злото да не го поднесуваме?“ – Во сето тоа Јов не згреши со устата своја.

Јов 2:1-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Еден ден пак дојдоа Божјите синови да застанат пред Господа, а меѓу нив пристапи и Сатаната. Тогаш Господ го праша Сатаната: „Од каде доаѓаш?“ - „Еве поминав по земјата и ја обиколив,“ одговори тој. Тогаш Господ рече: „Дали го забележа Мојот слуга Јов? Нему никој не му е рамен на земјата. Тоа е непорочен и праведен човек: се бои од Бога и се отстранува од злото! Тој е уште постојан во непорочноста, па Ме предизвика испразно да го упропастам.“ А Сатаната одговори: „Кожа за кожа! Човекот ќе даде сѐ што има во животот. Ама испружи ја раката, допри се до неговите коски и до месото; - дали ќе те благослови? Ќе те проколне во лице!“ „Нека ти биде! - му рече Господ на Сатаната. - Во твоја рака е; запази му го само животот!“ И Сатаната отиде од пред Господовото лице. Тој го удри Јов со лути рани од стапалата до темето. Јов зеде црепка за да се струже со неа и седна во пепел. Тогаш неговата жена му рече: „Зар си уште постојан во непорочноста? Проколни Го Бога и умри!“ Јов ѝ одговори: „Брбориш како што брборат безумните жени! Штом примаме добро од Бога, зошто тогаш да не го примиме и злото?“ Во сѐ тоа Јов не згреши со своите усни.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност