Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВ 2:1-10

ЈОВ 2:1-10 MKB

Еден ден пак дојдоа Божјите синови да застанат пред Господа, а меѓу нив пристапи и Сатаната. Тогаш Господ го праша Сатаната: „Од каде доаѓаш?“ - „Еве поминав по земјата и ја обиколив,“ одговори тој. Тогаш Господ рече: „Дали го забележа Мојот слуга Јов? Нему никој не му е рамен на земјата. Тоа е непорочен и праведен човек: се бои од Бога и се отстранува од злото! Тој е уште постојан во непорочноста, па Ме предизвика испразно да го упропастам.“ А Сатаната одговори: „Кожа за кожа! Човекот ќе даде сѐ што има во животот. Ама испружи ја раката, допри се до неговите коски и до месото; - дали ќе те благослови? Ќе те проколне во лице!“ „Нека ти биде! - му рече Господ на Сатаната. - Во твоја рака е; запази му го само животот!“ И Сатаната отиде од пред Господовото лице. Тој го удри Јов со лути рани од стапалата до темето. Јов зеде црепка за да се струже со неа и седна во пепел. Тогаш неговата жена му рече: „Зар си уште постојан во непорочноста? Проколни Го Бога и умри!“ Јов ѝ одговори: „Брбориш како што брборат безумните жени! Штом примаме добро од Бога, зошто тогаш да не го примиме и злото?“ Во сѐ тоа Јов не згреши со своите усни.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност