Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 9:1-11

Јован 9:1-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Кога одеше, виде еден човек, слеп од раѓање. Учениците Негови Го прашаа и ре­коа: „Рави, кој згрешил? – тој или роди­телите негови, та се родил слеп?“ Исус им одговори: „Ни тој, ниту ро­дителите негови згрешиле, туку за да се јават делата Божји врз него. Јас треба да ги вршам делата на Оној што Ме прати додека е уште ден; зашто настапува ноќ кога не ќе може никој да работи. Додека сум во светот, Јас сум Свет­лина на светот.“ Штом го рече тоа, плукна на земја, направи кал со плунката и ги намачка со неа очите на слепиот, и му рече: „Отиди и измиј се во ба­њата Силоам!“, што значи: „Испратен.“ Тој отиде, се изми и дојде гледајќи. А соседите и оние, што порано го беа гледале како слеп, рекоа: „Зар не е овој што седеше и питаше?“ Едни велеа: „Тој е“, а други: „Личи на него.“ Тој, пак, зборуваше: „Јас сум.“ Тогаш го прашаа: „Како ти се от­во­рија очите?“ Тој одговори и рече: „Еден Човек, Кој се вика Исус, направи кал, ми ги на­мачка очите и ми рече: ‚Отиди во бањата Силоам и изми се!‘ Отидов, се измив и прогледав.“

Јован 9:1-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Одејќи така, Исус виде еден човек, кој беше слеп од раѓање. Неговите ученици Го запрашаа: „Учителе, зошто овој човек се родил слеп? Дали поради негов грев или поради грев на неговите родители?“ „Неговото слепило не е ни поради негов грев, ни поради грев на неговите родители“ - им одговори Исус. „Но поради неговото слепило, ќе се пројават Божјите дела над него. Додека е ден, ние треба да го извршуваме тоа што од Мене го сака Оној што Ме испрати. Доаѓа ноќ, кога никој не ќе може да работи. Додека сум во светот, Јас сум Светлина за светот.“ Штом го рече тоа, Исус плукна на земјата и со плунката направи кал. Со неа му ги намачка очите на слепиот и му рече: „Оди, измиј се во бањата Шилоах“ (во превод значи: ,Испратен‘). Тој отиде, и откако се изми, се врати гледајќи! Неговите соседи и оние што порано го гледаа како проси, велеа: „Зар овој не е човекот што седеше и просеше?“ Едни велеа: „Тој е!“ Други велеа: „Не е тој, туку само личи на него!“ А самиот тој велеше: „Јас сум тој човек!“ Тогаш тие го прашаа: „Па како ти се отворија очите?“ Тој им одговори: „Еден човек, по име Исус, направи кал, ми ги намачка очите и ми рече: ,Оди во бањата Шилоах и измиј се!‘ Откако отидов и се измив - прогледав!“

Јован 9:1-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И кога заминуваше виде човек слеп од раѓање. И Неговите ученици Го прашаа: „Рави, кој згрешил, тој или неговите роди-тели, та се родил слеп?“ Исус одговори: „Не згрешил ни тој, ниту неговите родители, туку за да се пројават Божјите дела врз него. Ние треба да ги извршуваме делата на Оној, Кој Ме прати, додека е ден; доаѓа ноќ, кога никој не ќе може да работи. Додека Сум во светот, Светлина Сум на светот.“ Штом го рече тоа, плукна на земјата, направи кал со плунката и со неа ги намачка неговите очи, и му рече: „Оди, изми се во бањата Силоам; што значи: „Пратен“. Тој отиде, се изми и дојде прогледан. А соседите и оние, кои го гледаа порано како просјак, велеа: „Зар не е овој, кој седеше и просеше?“ Едни велеа: „Тој е;“ други велеа: „Не, а личи на него.“ Тој велеше: „Јас сум!“ Тогаш му рекоа: „Како ти се отворија очи-те?“ Тој одговори: „Човекот, Кој се вика Исус, направи кал, ми ги намачка очите и ми рече: „Оди во Силоамската бања и измиј се; јас отидов, се измив и прогледав.“