И кога заминуваше виде човек слеп од раѓање. И Неговите ученици Го прашаа: „Рави, кој згрешил, тој или неговите роди-тели, та се родил слеп?“ Исус одговори: „Не згрешил ни тој, ниту неговите родители, туку за да се пројават Божјите дела врз него. Ние треба да ги извршуваме делата на Оној, Кој Ме прати, додека е ден; доаѓа ноќ, кога никој не ќе може да работи. Додека Сум во светот, Светлина Сум на светот.“ Штом го рече тоа, плукна на земјата, направи кал со плунката и со неа ги намачка неговите очи, и му рече: „Оди, изми се во бањата Силоам; што значи: „Пратен“. Тој отиде, се изми и дојде прогледан. А соседите и оние, кои го гледаа порано како просјак, велеа: „Зар не е овој, кој седеше и просеше?“ Едни велеа: „Тој е;“ други велеа: „Не, а личи на него.“ Тој велеше: „Јас сум!“ Тогаш му рекоа: „Како ти се отворија очи-те?“ Тој одговори: „Човекот, Кој се вика Исус, направи кал, ми ги намачка очите и ми рече: „Оди во Силоамската бања и измиј се; јас отидов, се измив и прогледав.“
Прочитај ЈОВАН 9
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЈОВАН 9:1-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа