Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 8:3-11

Јован 8:3-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Вероучителите и фарисеите доведоа една жена што беше фатена во прељуба, па откако ја поставија насреде, Му рекоа: „Учителе, оваа жена е фатена на дело како врши прељуба. Во нашиот Закон Мојсеј заповедал таквите жени да бидат каменувани. Што велиш Ти?“ Тие Му го рекоа ова на Исус за да видат што ќе стори, надевајќи се дека ќе има за што да Го обвинат. Исус се наведна и почна со прстот да пишува по земјата. Но бидејќи тие упорно Го прашуваа, Тој се исправи и им рече: „Тој што меѓу сите вас е без грев, прв нека фрли камен на неа!“ Потоа повторно се наведна и продолжи да пишува по земјата. Кога обвинителите го слушнаа тоа, еден по еден почнаа да си заминуваат, на чело со старешините, се додека не останаа само Исус и жената, која стоеше на средината. Исус се исправи и ја праша: „Жено, каде се луѓето што те обвинуваа? Никој ли не те осуди?“ „Никој, Господине!“ - Му одговори таа. „Тогаш ни Јас не те осудувам; оди си и отсега не греши“ - и рече Исус.

Јован 8:3-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тогаш книжниците и фарисеите до­ведоа кај Него жена фатена во прељубодејство; ја поставија насреде и Му рекоа: „Учителе, оваа жена сега е фатена во прељубодејство. А Мојсеј во Законот ни заповеда: такви со камења да ги убиваме; Ти, пак, што велиш?“ Тоа го рекоа за да Го искушаат и да го обвинат. А Исус се наведна долу и почна со прст да пишува во земјата, не гледајќи ги. Кога продолжија да го прашуваат, Тој се исправи и им рече: „Кој од вас е без грев, прв нека фрли камен на неа!“ И пак се наведна долу и пишуваше по земјата. А тие, штом го чуја тоа, бидејќи со­веста ги гризеше, се разотидоа еден по еден, почнувајќи од најстарите па до последните: останаа само Исус и же­на­та, која стоеше насреде. А кога се исправи и не виде никого освен жената, Исус ѝ рече: „Жено, каде се оние што те обвинуваа? Никој ли не те осуди?“ А таа рече: „Никој, Господи.“ То­гаш Исус ѝ рече: „Ни Јас не те осудувам. Оди си и немој повеќе да грешиш.“

Јован 8:3-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Тогаш книжниците и фарисеите доведоа една жена, фатена во прељуба, откако ја поставија насредина, Му рекоа: „Учителе, женава е фатена во самото дело на прељуба. А Мојсеј ни нареди во Законот да ги убиваме со камења таквите; а Ти што велиш?“ Тоа го рекоа за да Го искушаат, за да имаат за што да Го обвинат. А Исус се наведна и пишуваше со прстот по земјата. Но бидејќи и натаму Го прашуваа, се исправи и им рече: „Кој е од вас безгрешен, нека прв фрли камен врз неа!“ И пак се наведна и пишуваше по земјата. А тие, кога го чуја тоа, бидејќи совеста ги убеди, излегуваа еден по еден, почнувајќи од најстарите до последните. И Исус остана Сам со жената, која стоеше насреде. Исус се исправи и ѝ рече: „Жено, каде се? Ниеден ли не те осуди?“ Таа одговори: „Ние-ден, Господи.“ Исус рече: „Ни Јас не те осудувам, оди си и отсега не греши веќе.“