Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 8:3-11

ЈОВАН 8:3-11 MKB

Тогаш книжниците и фарисеите доведоа една жена, фатена во прељуба, откако ја поставија насредина, Му рекоа: „Учителе, женава е фатена во самото дело на прељуба. А Мојсеј ни нареди во Законот да ги убиваме со камења таквите; а Ти што велиш?“ Тоа го рекоа за да Го искушаат, за да имаат за што да Го обвинат. А Исус се наведна и пишуваше со прстот по земјата. Но бидејќи и натаму Го прашуваа, се исправи и им рече: „Кој е од вас безгрешен, нека прв фрли камен врз неа!“ И пак се наведна и пишуваше по земјата. А тие, кога го чуја тоа, бидејќи совеста ги убеди, излегуваа еден по еден, почнувајќи од најстарите до последните. И Исус остана Сам со жената, која стоеше насреде. Исус се исправи и ѝ рече: „Жено, каде се? Ниеден ли не те осуди?“ Таа одговори: „Ние-ден, Господи.“ Исус рече: „Ни Јас не те осудувам, оди си и отсега не греши веќе.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со ЈОВАН 8:3-11