Јован 7:37-39
Јован 7:37-39 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А во последниот голем ден од празникот застана Исус и извика со висок глас, велејќи: „Кој е жеден нека дојде кај Мене да пие! Кој верува во Мене од неговата утроба, како што е речено во Писмото, ќе потечат реки од жива вода.“ А ова го рече за Духот, Кого што ќе Го примат оние кои веруваат во Него; зашто Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен.
Јован 7:37-39 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
А во последниот и најважен ден од празникот, Исус застана и извика: „Кој е жеден, нека дојде кај Мене да пие! Како што вели Светото Писмо: „Реки животодавна вода ќе потечат од срцето на оној што верува во Мене!“ (Исус ова го рече за Светиот Дух, Кого имаше намера да им Го даде на оние кои поверуваа во Него. Светиот Дух се уште не му беше даден никому, бидејќи Исус се уште не беше целосно прославен.)
Јован 7:37-39 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А во последниот, големиот ден на празникот Исус застана и извика, велејќи: „Ако е некој жеден, нека дојде при Мене и нека пие. Кој верува во Мене - како што е кажано во Писмото - „од неговата внатрешност ќе потечат реки на жива вода.“ Тоа го рече пак за Духот, Кого ќе Го примат оние, кои веруваат во Него; зашто Духот уште не беше слезен, зашто Исус уште не беше прославен.