Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 6:41-51

Јован 6:41-51 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Се разгневија против Него Јудеј­ци­те, зашто рече: „Јас сум лебот што сле­зе од небото“, и зборуваа: „Зар не е Овој Исус, Јо­сифовиот син, Чиј татко и мајка ги познававме? Како тогаш Тој вели: ‚Слегов од небото.‘“ Им одговори Исус и рече: „Не мр­морете меѓу себе. Никој не може да дојде кај Мене, ако не го привлече Отецот, Кој Ме пра­ти; и Јас ќе го воскреснам во последни­от ден. Кај Пророците е напишано: ‚И ќе бидат сите од Бога научени.‘ Секој што чул од Отецот и се научил, доаѓа кај Мене. Но тоа не значи дека некој Го видел Бога, освен Оној Кој е од Бога; само Тој го видел Отецот. Вистина, вистина ви велам: Кој ве­рува во Мене има вечен живот. Јас сум лебот на животот. Татковците ваши јадеа мана во пус­тината и умреа; а ова е леб што доаѓа од небото, и оној, кој јаде од него, нема да умре. Јас сум живиот леб што слезе од не­бото; кој јаде од овој леб, ќе живее веч­но; а лебот што ќе го дадам Јас, е Мо­ето тело, што ќе го предадам за животот на светот.“

Јован 6:41-51 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Тогаш Евреите почнаа незадоволно да мрморат против Исус, затоа што рече: „Јас сум Лебот што слезе од небото!“ Говореа: „Зар Овој не е Исус, синот на Јосиф, и зар не ги познаваме татко Му и мајка Му!? Како може да вели дека Тој слегол од небото!?“ Исус им одговори: „Не мрморете помеѓу себе! Никој не може да дојде кај Мене, ако небесниот Татко, Кој Ме прати, не го привлече; а на крајот, Јас ќе го воскреснам за вечен живот! Во пророчките книги на Светото Писмо стои запишано: ,Бог ќе ги научи сите‘. Секој што Го слуша небесниот Татко и учи од Него, доаѓа кај Мене. Тоа не значи дека некој Го видел Бог, освен Оној Кој потекнува од Бога. Само Тој го видел Таткото. Ве уверувам дека оној што верува во Мене, веќе има вечен живот. Јас сум животодавниот Леб. Вашите предци јадеа мана во пустината, но потоа умреа. Еве Го Лебот што слегува од небото, за секој да може да јаде од Него и да не умре. Јас сум животодавниот Леб Кој слезе од небото! Кој се храни од овој Леб - ќе живее вечно! А Лебот што Јас ќе го дадам за животот на светот е Моето тело.“

Јован 6:41-51 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Тогаш Јудејците роптаа против Него зашто рече: „Јас Сум лебот што слезе од небото“, и зборуваа: „Не е ли овој Исус, синот Јосифов, чии татко и мајка ги познаваме? Како вели сега: ‘Слегов од небото?’ Исус одговори и им рече: „Не роптајте меѓу себе. Никој не може да дојде при Мене, ако не го привлече Таткото, Кој ме прати, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. Кај пророците е напишано: ‘Сите ќе бидат научени од Бога.’ Секој, кој чул од Таткото и научил, доаѓа при Мене. Не дека некој Го видел Таткото, освен Оној Кој доаѓа од Бога, Тој Го видел Таткото. Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене има вечен живот.“ “Јас Сум Лебот на животот. Вашите татковци јадеа мана во пустината и изумреа. Ова е лебот што слегува од небото, за да не умре оној, кој јаде од него. Јас Сум живиот леб што слезе од небото. Ако некој јаде од овој леб ќе живее довека; а лебот, што ќе го дадам, Јас, е Моето тело, што ќе го предадам за животот на светот.“