Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 6:41-51

ЈОВАН 6:41-51 MKB

Тогаш Јудејците роптаа против Него зашто рече: „Јас Сум лебот што слезе од небото“, и зборуваа: „Не е ли овој Исус, синот Јосифов, чии татко и мајка ги познаваме? Како вели сега: ‘Слегов од небото?’ Исус одговори и им рече: „Не роптајте меѓу себе. Никој не може да дојде при Мене, ако не го привлече Таткото, Кој ме прати, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. Кај пророците е напишано: ‘Сите ќе бидат научени од Бога.’ Секој, кој чул од Таткото и научил, доаѓа при Мене. Не дека некој Го видел Таткото, освен Оној Кој доаѓа од Бога, Тој Го видел Таткото. Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене има вечен живот.“ “Јас Сум Лебот на животот. Вашите татковци јадеа мана во пустината и изумреа. Ова е лебот што слегува од небото, за да не умре оној, кој јаде од него. Јас Сум живиот леб што слезе од небото. Ако некој јаде од овој леб ќе живее довека; а лебот, што ќе го дадам, Јас, е Моето тело, што ќе го предадам за животот на светот.“