Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 6:30-40

Јован 6:30-40 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Тогаш тие Му рекоа: „Какво чудо ќе направиш, за да видиме, па да Ти поверуваме? Што ќе направиш? Нашите предци јадеа мана во пустината, како што стои запишано: ,Бог им даде да јадат леб од небото‘.“ Исус, пак, им одговори: „Ве уверувам дека не беше Мојсеј тој што ви даде леб од небото, туку Мојот Татко. И сега Мојот Татко ви го нуди вистинскиот Леб од небото. Зашто, Лебот што ви го дава Бог е Оној што слезе од небото, за да му даде живот на светот.“ „Господине“, - му рече народот - „давај ни го тој леб секогаш!“ Исус им рече: „Јас сум животодавниот Леб! Оној што доаѓа кај Мене никогаш нема да огладни и оној што верува во Мене никогаш нема да ожедни. Но ви реков дека, иако Ме видовте, сепак не верувате во Мене. Секој што Ми е даден од Татко Ми, ќе дојде кај Мене, а Јас нема да одбијам ниту еден од оние што доаѓаат кај Мене. Јас не слегов од небото за да ја вршам Својата волја, туку да ја вршам волјата на Бог, Кој Ме прати. А волјата на Бог, Кој Ме прати е да не изгубам ниту еден од оние што Тој ми ги даде, туку на крајот сите да ги воскреснам за вечен живот. Волјата на Мојот небесен Татко е: секој што го гледа Синот и верува во Него, да има вечен живот и на крајот Јас да го воскреснам.“

Јован 6:30-40 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А тие Му рекоа: „Каков знак ќе ни покажеш да видиме и да поверуваме? Што ќе направиш? Татковците наши јадеа мана во пус­тината, како што е напишано: ‚Леб од небото им даде да јадат.‘“ Но Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: не ви даде Мојсеј леб од не­бото, туку Мојот Отец ви дава вистински леб од небото. Зашто лебот Божји е Оној, Кој сле­гува од небото и му дава живот на светот.“ Тогаш тие Му рекоа: „Господи, да­вај ни го секогаш тој леб!“ А Исус им рече: „Јас сум лебот на животот; кој доаѓа кај Мене, нема да огладни и кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни. Но ви реков: вие и Ме видовте и пак не верувате. Сѐ што Ми дава Отецот, ќе дојде кај Мене; а кој доаѓа кај Мене, нема да го избркам надвор; зашто Јас слегов од небото не да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Отецот, Кој Ме прати. А волјата на Отецот, Кој Ме прати, е оваа: од сѐ што Ми дал да не за­губам ништо, туку да го воскреснам во последниот ден. Волјата на Оној што Ме прати е: се­кој што ќе го види Синот и ќе поверува во Него да има вечен живот, а Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“

Јован 6:30-40 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Тие пак Му рекоа: „Каков знак правиш, да видиме и да Ти поверуваме? Што правиш?“ Нашите татковци јадеа мана во пустината, како што е напишано: „Им даде да јадат леб од небото.“ Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам, Мојсеј не ви даде леб од небото; а Мојот Татко ви дава вистински леб од небото. Зашто Божјиот леб е Оној, Кој слегува од небото и му дава живот на светот.“ Тогаш Му рекоа: „Господи, давај ни го секогаш тој леб.“ Исус им рече: „Јас Сум Лебот на животот; кој доаѓа при Мене нема да огладни и кој верува во Мене нема никогаш да ожедни. Но ви реков: иако Ме видовте - не верувате. Сѐ што Таткото Ми дава ќе дојде при Мене, а оној кој доаѓа при Мене нема да го исфрлам; зашто не слегов од Небото да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Оној, Кој Ме испратил. А ова е волјата на Оној, Кој Ме пратил: да не изгубам ништо од сѐ што Ми дал, туку да го воскреснам во последниот ден. Зашто тоа е волјата на Мојот Татко, секој што ќе Го види Синот и поверува во Него - да има вечен живот, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“