А тие Му рекоа: „Каков знак ќе ни покажеш да видиме и да поверуваме? Што ќе направиш? Татковците наши јадеа мана во пустината, како што е напишано: ‚Леб од небото им даде да јадат.‘“ Но Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: не ви даде Мојсеј леб од небото, туку Мојот Отец ви дава вистински леб од небото. Зашто лебот Божји е Оној, Кој слегува од небото и му дава живот на светот.“ Тогаш тие Му рекоа: „Господи, давај ни го секогаш тој леб!“ А Исус им рече: „Јас сум лебот на животот; кој доаѓа кај Мене, нема да огладни и кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни. Но ви реков: вие и Ме видовте и пак не верувате. Сѐ што Ми дава Отецот, ќе дојде кај Мене; а кој доаѓа кај Мене, нема да го избркам надвор; зашто Јас слегов од небото не да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Отецот, Кој Ме прати. А волјата на Отецот, Кој Ме прати, е оваа: од сѐ што Ми дал да не загубам ништо, туку да го воскреснам во последниот ден. Волјата на Оној што Ме прати е: секој што ќе го види Синот и ќе поверува во Него да има вечен живот, а Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“
Прочитај Јован 6
Слушај Јован 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 6:30-40
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа