Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 6:1-13

Јован 6:1-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Потоа Исус отиде на другата страна од Галилејското Море, на­ре­чено Тиверијадско. И по него одеше многу народ, зашто ги гледаа чудата Негови што ги вр­шеше над болните. А Исус отиде во гората и таму се­де­ше со учениците Свои. И наближуваше јудејскиот празник Пасха. Исус, пак, откако ги подигна очите, ви­де дека кон Него иде многу народ му рече на Филип: „Од каде да купиме леб за да јадат овие?“ А тоа го рече за да го искуша, зашто Сам знаеше што ќе направи. Филип Му одговори: „Не ќе им биде доволно леб за двесте денарии, па да до­бие секој од нив по малку!“ Еден од учениците Негови, Андреј, братот на Симон Петар, Му рече: „Овде се наоѓа едно момче кое има пет јачменови лебови и две риби; но што е тоа за толку души?“ Исус рече: „Кажете им на луѓето да поседнат!“ А на тоа место имаше многу трева. Тогаш поседнаа луѓето, на број околу пет илјади. Исус ги зеде лебовите, заблагодари и им ги подаде на оние што поседнаа; исто така и од рибите, кој колку сака­ше. А кога се наситија, им рече на уче­ниците Свои: „Соберете ги останатите парчиња за да не се загуби ништо!“ И од петте јачменови лебови собраа и наполнија дванаесет кошници пар­чи­ња, што им преостанаа на оние што ја­деа.

Јован 6:1-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Потоа отиде Исус на другата страна од Галилејското Море, наречено Тиверијадско. Многу народ одеше по Него, зашто ги гледаа чудесата, што ги правеше над болните. Исус се искачи на гората и седеше таму со Своите ученици. А наближуваше јудејскиот празник - Пасхата. Тогаш Исус ги подигна очите и виде дека многу народ доаѓа кон Него, па му рече на Филипа: „Каде да купиме леб, за да се нахранат овие?“ Тоа го рече за да го искуша; зашто Самиот знаеше што ќе направи. Филип Му одговори: „Не ќе им стигне леб за двеста денарии, па секој од нив да добие по малку.“ Еден од Неговите ученици, Андреј братот на Симона Петра, Му рече: “Тука има едно момче, кое има пет јачмени лебови и две риби; но што е тоа за толкаво множество?“ А Исус рече: „Нека поседнат луѓето!“ Имено, имаше многу трева на местото, па поседнаа луѓето, на број околу пет илјади. Тогаш, Исус ги зеде лебовите, заблагодари и им ги раздаде на учениците, а учениците на оние што поседнаа; исто така и од ри-бите, колку што сакаа. Кога се наситија, им рече на Своите ученици: „Соберете ги останатите парчиња, за да не пропадне ни-што!“ И така, ги собраа и наполнија дванаесет кошници со парчи-ња од петте јачмени лебови, што им останаа на оние, кои јадеа.

Јован 6:1-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

По ова, Исус отиде од другата страна на Галилејското Езеро (или како што поинаку се нарекува - Тибериско Море). Многуброен народ постојано Го следеше, бидејќи ги гледаше чудата на исцелување што Тој ги правеше над болните. Исус се искачи на планината и таму седна со Своите ученици. Наскоро доаѓаше еврејскиот празник Пасха. Кога Исус го подигна својот поглед и забележа дека многуброен народ доаѓа кај Него, му се обрати на Филип: „Каде да купиме леб за да ги нахраниме луѓево?“ Исус го рече ова за да види што ќе му одговори Филип, бидејќи Исус знаеше што ќе прави. „За да добие секој од нив барем по едно залаче, ќе треба да купиме леб за повеќе од двесте денарии!“ - одговори Филип. Тогаш Андреј, еден од Исусовите ученици и брат на Симон Петар, Му рече: „Овде се наоѓа едно момче кое има пет јачменови лебови и две риби; но што е тоа за толку многу народ!?“ „Кажете им на луѓето да седнат“ - рече Исус. На тоа место имаше многу трева, па луѓето испоседнаа, а на број беа околу пет илјади, сметајќи ги само мажите. Тогаш Исус ги зеде лебовите, и откако Му заблагодари на Бог, им ги раздели на поседнатите луѓе, а им раздели и од рибите, на секој колку што сакаше. Кога народот се најаде, Исус им рече на Своите ученици: „Соберете ги парчињата што останаа, ништо да не пропадне.“ Од петте јачменови лебови, тие собраа и наполнија дванаесет кошници со парчиња што им останаа на луѓето кои јадеа.