Потоа отиде Исус на другата страна од Галилејското Море, наречено Тиверијадско. Многу народ одеше по Него, зашто ги гледаа чудесата, што ги правеше над болните. Исус се искачи на гората и седеше таму со Своите ученици. А наближуваше јудејскиот празник - Пасхата. Тогаш Исус ги подигна очите и виде дека многу народ доаѓа кон Него, па му рече на Филипа: „Каде да купиме леб, за да се нахранат овие?“ Тоа го рече за да го искуша; зашто Самиот знаеше што ќе направи. Филип Му одговори: „Не ќе им стигне леб за двеста денарии, па секој од нив да добие по малку.“ Еден од Неговите ученици, Андреј братот на Симона Петра, Му рече: “Тука има едно момче, кое има пет јачмени лебови и две риби; но што е тоа за толкаво множество?“ А Исус рече: „Нека поседнат луѓето!“ Имено, имаше многу трева на местото, па поседнаа луѓето, на број околу пет илјади. Тогаш, Исус ги зеде лебовите, заблагодари и им ги раздаде на учениците, а учениците на оние што поседнаа; исто така и од ри-бите, колку што сакаа. Кога се наситија, им рече на Своите ученици: „Соберете ги останатите парчиња, за да не пропадне ни-што!“ И така, ги собраа и наполнија дванаесет кошници со парчи-ња од петте јачмени лебови, што им останаа на оние, кои јадеа.
Прочитај ЈОВАН 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЈОВАН 6:1-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа