Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 5:24-40

Јован 5:24-40 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Вистина, вистина ви велам: кој го слуша словото Мое и верува во Оној Кој Ме пратил, има живот вечен и нема да дојде на суд, туку преминал од смрт во живот. Вистина, вистина ви зборувам: иде часот и веќе е дојден, кога мртвите ќе го чујат гласот на Синот Божји, и тие што ќе го чујат, ќе оживеат. Зашто, како што Отецот има живот во Себе, така Му даде и на Синот да има живот во Себе; и Му даде власт да суди, зашто Тој е Синот Човечки. Не чудете се на ова, зашто иде ча­сот кога сите, кои се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји, и ќе излезат: кои правеле добро – ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување. Јас ништо не можам да правам Сам од Себе. Како што слушам, така и су­дам, и Мојот суд е праведен, зашто не ја барам Мојата волја, туку волјата на Отецот Кој Ме прати. Ако Јас сведочам Сам за Себе, све­доштвото Мое нема да биде вистинито. Но има Друг што сведочи за Мене; и знам дека е вистинито тоа сведоштво со кое Тој сведочи за Мене. Вие пративте гласници кај Јован и тој ви посведочи за вистината. Не дека Јас примам сведоштво од човек; туку ова го кажувам за да се спасите вие. Тој беше светило што гори и свети, а вие сакавте да се порадувате на неговата светлина, за кратко време. Но Јас имам поголемо сведоштво од Јовановото; делата што Ми ги даде Отецот да ги извршам, самите тие дела, што ги извршувам Јас, сведочат за Мене дека Ме пратил Отецот. И Отецот, Кој Ме прати, Сам пос­ведочи за Мене. А вие ни гласот Негов никогаш не сте го чуле, ниту лицето Негово сте го виделе. И зборовите Негови не се во вас, зашто не верувате во Оној кого Го пра­тил Тој. Ги истражувате Писмата, зашто вие мислите дека во нив имате живот вечен; а токму тие сведочат за Мене. Но не сакате да дојдете кај Мене за да имате живот.

Јован 5:24-40 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Ве уверувам дека секој што ја слуша Мојата порака и верува во Бога, Кој Ме испрати, има вечен живот и нема да биде осуден за своите гревови, зашто таквиот веќе преминал од смрт во живот. Ве уверувам дека доаѓа време, и веќе е дојдено, кога мртвите ќе го слушнат Мојот глас - гласот на Божјиот Син. Оние што Му биле послушни - ќе живеат! Зашто, како што Таткото е извор на живот, така Му даде и на Синот да биде извор на живот. Тој Му даде на Синот и право да суди, затоа што Тој е Синот Човечки. Не чудете се на ова, зашто доаѓа часот кога сите покојници ќе го слушнат гласот на Божјиот Син и ќе излезат од гробовите: оние што правеле добро - ќе воскреснат за да живеат вечно, а оние што вршеле зло - ќе воскреснат за да бидат осудени на вечна казна! Јас не можам ништо да направам самоволно. Судам онака како што Ми кажува небесниот Татко, и Мојот суд е праведен, зашто не постапувам самоволно, туку според волјата на Бог, Кој Ме прати. Ако Јас сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво нема да вреди. Но постои Друг што сведочи за Мене и знам дека она што Тој го сведочи за Мене, вреди. Вие самите испративте пратеници кај Јован Крстител и тој ви ја кажа вистината. Јас немам потреба од човечко одобрување; а овие работи ви ги кажувам за вие да се спасите. Јован беше светилка која гореше и светеше. И за тоа кратко време вие со задоволство и се радувавте на неговата светлина. Јас, пак, имам сведоштво со поголема тежина од она на Јован. Делата што Мојот Татко Ми ги довери да ги извршам, и кои Јас ги извршувам, сведочат дека сум испратен од небесниот Татко. И Таткото, Кој Ме прати, исто така сведочи за Мене, но вие никогаш не сте го послушале Неговиот глас ниту пак сте го виделе Неговиот лик. А и Неговиот збор не се задржува во вас, затоа што не верувате во испратениот од Него. Вие го проучувате Светото Писмо, зашто верувате дека во него ќе најдете вечен живот за себе - а токму таму се говори за Мене! Па сепак, вие не сакате да дојдете кај Мене и да примите живот.

Јован 5:24-40 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Вистина, вистина ви велам: кој го слуша Моето слово и верува во Оној, Кој Ме прати, има вечен живот и не доаѓа на суд, туку преминал од смртта во живот. Вистина, вистина ви велам дека доаѓа час - и веќе е тука - кога мртвите ќе го чујат гласот на Божјиот Син, и кои ќе го чујат, ќе живеат. Зашто како што Таткото има живот во Себе, така Му даде и на Синот да има живот во Себе. Му ја даде и власта да суди, зашто е Човечки Син. Не чудете се на тоа, зашто доаѓа час во кој сите, кои се во гробовите, ќе го чујат Неговиот глас и ќе излезат од нив, кои правеле добро, ќе воскреснат за живот; а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување. Јас ништо не можам да правам Сам од Себе; како што слушам, така судам, и Мојот суд е праведен, зашто не ја барам Мојата волја, туку волјата на Оној, Кој Ме прати. Ако Јас сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво нема да биде вистинско. Има Друг Кој сведочи за Мене и знам дека е вистинско сведоштвото што го дава за Мене. Вие пративте при Јована, и тој посведочи за вистината; но јас не примам сведоштво од човек, туку го кажувам ова, за да се спасите вие. Тој беше светило, што гореше и светеше, но вие сакавте да се радувате малку време на неговата светлина. Јас пак имам сведоштво поголемо од Јовано-вото: делата што Таткото Ми ги даде да ги завршам, токму тие дела, што ги правам, сведочат за Мене - дека Таткото Ме пратил. И Таткото, Кој Ме прати, Сами-от сведочи за Мене. Вие ни го чувте некогаш Неговиот глас, ниту го видовте Неговото лице, и Неговите зборови ги немате постојано во вас, зашто не Му верувате на Оној, Кого Тој Го пратил. Вие ги проучувате Писмата, зашто мислите дека имате вечен живот во нив; и тие сведочат за Мене. Но вие не сакате да дојдете при Мене, за да имате живот.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност