Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 3:10-21

Јован 3:10-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Исус му рече: „Како можеш да му бидеш учител на израелскиот народ, а да не го знаеш тоа!? Најсериозно ти велам: ние знаеме што зборуваме и сведочиме за она што сме го виделе, а вие нашето сведоштво не го примате. Ако не Ми верувате кога ви зборувам за земни работи, како ќе Ми верувате ако ви зборувам за небесни работи!? Никој не бил горе на небото, освен Синот Човечки, Кој слезе од небото. Исто како што Мојсеј ја подигна бронзената змија во пустината, така ќе мора и Јас, Синот Човечки, да бидам подигнат. Тогаш секој што ќе поверува во Мене, ќе се здобие со вечен живот. Зашто Бог толку ги засака луѓето од овој свет, што Го даде Својот Единороден Син, за да не загине ниту еден што верува во Него, туку да има вечен живот. Бог не Го испрати Својот Син во светот за да го осуди светот, туку да го спаси преку Него. Ниту еден што верува во Него нема да биде суден. Оној, пак, што не верува, веќе е осуден, затоа што не поверувал во Единородниот Божји Син. Пресудата гласи: „Светлината дојде на светот, но луѓето ја засакаа темнината повеќе од Светлината, затоа што постапките им беа зли. Секој што врши зло ја мрази Светлината и не доаѓа кај неа, за да не се разоткријат неговите гревови. Оној, пак, кој живее според вистината, доаѓа кај Светлината за да се види дека неговите постапки се направени во послушност спрема Бог.“

Јован 3:10-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Исус одговори и му рече: „Ти си учител во Израел, па тоа ли не го зна­еш? Вистина, вистина ти велам: ние зборуваме за она што знаеме, и све­до­чи­ме за она, што сме виделе; а вие нашето сведоштво не го примате. Кога за земни работи ви зборувам и не верувате, како ќе поверувате кога би ви говорел за небесните? Никој не се искачил на небото, ос­вен Синот Човечки, Кој слезе од небото и Кој е на небото. И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се из­диг­не и Синот Човечки, та секој што верува во Него да не загине, но да има живот вечен. Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот. Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. Кој верува во Него – нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, зашто не поверувал во името на Еди­но­родниот Син Божји. А овој суд е затоа што Светлината дојде на светот, но луѓето повеќе ја за­сакаа темнината отколку светлината, зашто нивните дела беа зли. Зашто секој, што прави зло, ја мра­зи светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите де­ла (бидејќи се лукави). А оној што твори вистина, оди кон светлината за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.“

Јован 3:10-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Исус му одговори и рече: „Ти си Израелев учител, и не го знаеш ли тоа? Вистина, вистина, ти велам: зборуваме за она, што знаеме; сведочиме за она што сме виделе; а сепак не го примате нашето сведоштво. Не верувате кога ви зборував за земните работи, како ќе верувате ако ви кажувам за небесните? И никој не отишол во небо, освен Оној, Кој слезе од небото, Човечкиот Син Кој е во небото.“ И како што Мојсеј ја издигна змијата во пустината, така треба да биде издигнат Човечкиот Син, та секој, кој верува во Него да не загине, но да има вечен живот. Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Едино-роден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единород-ниот Божји Син. Судот се состои во ова: Светлината дојде во светот, а луѓето ја засакаа темнината повеќе од светлината, зашто делата им беа зли. Зашто, секој кој прави зло ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат откриени неговите дела; а кој ја извршува вистината оди кон светлината, за да се видат неговите дела, бидејќи се извршени во Бога.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност