Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 3:10-21

ЈОВАН 3:10-21 MKB

Исус му одговори и рече: „Ти си Израелев учител, и не го знаеш ли тоа? Вистина, вистина, ти велам: зборуваме за она, што знаеме; сведочиме за она што сме виделе; а сепак не го примате нашето сведоштво. Не верувате кога ви зборував за земните работи, како ќе верувате ако ви кажувам за небесните? И никој не отишол во небо, освен Оној, Кој слезе од небото, Човечкиот Син Кој е во небото.“ И како што Мојсеј ја издигна змијата во пустината, така треба да биде издигнат Човечкиот Син, та секој, кој верува во Него да не загине, но да има вечен живот. Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Едино-роден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единород-ниот Божји Син. Судот се состои во ова: Светлината дојде во светот, а луѓето ја засакаа темнината повеќе од светлината, зашто делата им беа зли. Зашто, секој кој прави зло ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат откриени неговите дела; а кој ја извршува вистината оди кон светлината, за да се видат неговите дела, бидејќи се извршени во Бога.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со ЈОВАН 3:10-21

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност