Јован 20:10-18
Јован 20:10-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа учениците се вратија дома. Марија Магдалена стоеше надвор до гробницата плачејќи. Додека така плачеше, таа се наведна над влезот на гробницата и виде двајца ангели во бело како седат на местото каде што било Исусовото тело: едниот кај главата, а другиот кај нозете. Ангелите ја прашаа Марија: „Зошто плачеш?“ “Го зеле телото на мојот Господ и не знам каде Го преместиле!“ - им рече таа Штом го рече тоа, таа се сврте и Го виде Исуса како стои таму, но не Го позна. Исус и рече: „Зошто плачеш? Кого бараш?“ Мислејќи дека тоа е градинарот, Марија Му рече: “Господине, ако си Го зел телото ти, кажи ми каде си го преместил и јас ќе го земам.“ Исус и рече: „Мирјам!“ Таа се сврте и Му одговори на хебрејски: „Рабани!“ (Во превод значи: ,Учителе‘.) Исус и рече: „Не држи се за мене, зашто се уште не Сум се вратил кај небесниот Татко. Оди кај Моите ученици и кажи им дека Јас се враќам кај Мојот Татко и Бог, Кој е и ваш Татко и Бог.“ Тогаш Марија Магдалена отиде и им јави на Исусовите ученици: „Го видов Господ!“ Потоа таа им го пренесе она што Исус и го кажа.
Јован 20:10-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш учениците се вратија дома. А Марија стоеше кај гробот однадвор и плачеше. И, плачејќи, се наведна над гробот; и виде два ангела во бели облеки како седат, едниот кај главата, а другиот кај нозете, каде што беше лежело телото Исусово. Тие ѝ рекоа: „Жено, зошто плачеш?“ Им одговори: „Го кренале Господ мој и не знам каде Го положиле!“ Штом го рече ова, се заврте назад и Го виде Исус како стои; но не знаеше дека е Исус. Исус ѝ рече: „Жено, зошто плачеш? Кого го бараш?“ Таа, мислејќи дека е градинарот, Му рече: „Господине, ако си Го зел Ти, кажи ми каде си Го положил, и јас ќе Го земам.“ Исус ѝ рече: „Марија!“ Таа се заврти и Му рече: „Равуни“ – што значи: „Учителе!“ И рече Исус: „Не допирај се до Мене, зашто уште не сум се вратил кај Мојот Отец; туку отиди кај браќата Мои и кажи им: се враќам кај Својот Отец и вашиот Отец, кај Својот Бог и кај вашиот Бог.“ Дојде Марија Магдалена и им кажа на учениците дека Го видела Господ и дека тоа ѝ рекол.
Јован 20:10-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш учениците пак се вратија дома. А Марија стоеше надвор, при гробот и плачеше; така, додека плачеше, погледна во гробот и виде два ангела, како седат во бели облеки, таму каде лежеше Исусо-вото тело, едниот кај главата, а другиот при нозете. Тие ѝ рекоа: „Жено, зошто плачеш?“ Им рече: „Го дигнале мојот Господ и не знам каде Го положиле?“ Откако го рече тоа, се обѕрна и Го виде Исуса, како стои; но не знаеше дека е Исус. Исус ѝ рече: „Жено, зошто плачеш? Кого Го бараш?“ Мислејќи дека е градинарот, таа Му рече: „Господине, ако Го изнесе ти, кажи ми каде Го поло-жи, и јас ќе Го земам!“ Исус ѝ рече: „Марија!“ Таа се заврти и Му рече: „Равуни!“- што значи: „Учи-теле!“ Исус ѝ рече: „Не допирај Ме, зашто уште не отидов горе при Мојот Татко. Туку оди при Моите браќа и речи им: ‘Се враќам при Мојот Татко и вашиот Татко, при Мојот Бог и вашиот Бог.’ Марија Магдалена дојде и им јави на учениците, дека Го видела Господа и дека тоа ѝ рекол.