Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 20:10-18

ЈОВАН 20:10-18 MKB

Тогаш учениците пак се вратија дома. А Марија стоеше надвор, при гробот и плачеше; така, додека плачеше, погледна во гробот и виде два ангела, како седат во бели облеки, таму каде лежеше Исусо-вото тело, едниот кај главата, а другиот при нозете. Тие ѝ рекоа: „Жено, зошто плачеш?“ Им рече: „Го дигнале мојот Господ и не знам каде Го положиле?“ Откако го рече тоа, се обѕрна и Го виде Исуса, како стои; но не знаеше дека е Исус. Исус ѝ рече: „Жено, зошто плачеш? Кого Го бараш?“ Мислејќи дека е градинарот, таа Му рече: „Господине, ако Го изнесе ти, кажи ми каде Го поло-жи, и јас ќе Го земам!“ Исус ѝ рече: „Марија!“ Таа се заврти и Му рече: „Равуни!“- што значи: „Учи-теле!“ Исус ѝ рече: „Не допирај Ме, зашто уште не отидов горе при Мојот Татко. Туку оди при Моите браќа и речи им: ‘Се враќам при Мојот Татко и вашиот Татко, при Мојот Бог и вашиот Бог.’ Марија Магдалена дојде и им јави на учениците, дека Го видела Господа и дека тоа ѝ рекол.