Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 18:4-11

Јован 18:4-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Иако знаеше што се мора да Му се случи, Исус излезе и ги праша: „Кого барате?“ Тие Му одговорија: „Исусa од Назарет!“ “Јас сум Тој“ - им рече Исус. Таму, со групата, стоеше и предавникот Јуда. Кога Исус им рече, „Јас сум Тој“ - тие се повлекоа и испопаѓаа по земјата. Тогаш Исус повторно ги праша: „Кого барате?“ “Исусa од Назарет“ - повторија тие. Исус им одговори: „Ви реков дека Јас сум Тој. Штом Мене Ме барате, пуштете ги овие луѓе да си одат!“ Тој го направи ова за да се исполнат зборовите што ги рече: „Не загубив ниту еден од оние што Ми ги даде.“ Тогаш Симон Петар, кој имаше меч, го извлече и го удри слугата на Првосвештеникот, отсекувајќи му го десното уво. Името на слугата му беше Малхус. Исус му заповеда на Петар: „Врати го мечот во канијата! Зар да не ја испијам чашата што Ми ја даде Таткото?“