А Исус, знаејќи сѐ што ќе стане со Него, истапи и им рече: „Кого го барате?“ Му одговорија: „Исуса Назареецот.“ Исус им рече: „Јас Сум.“ А со нив стоеше и Јуда, Неговиот предавник. А кога им рече: „Јас Сум“, се тргнаа назад и паднаа на земјата. Тогаш пак ги праша: „Кого го барате?“ А тие рекоа: „Исуса Назареецот!“ Исус им одговори: „Ви реков дека Сум Јас; и така, ако Ме барате Мене, пуштете ги овие да си одат!“ За да се исполни словото, што го рече: „Не изгубив ни еден од оние, кои си Ми ги дал.“ А Симон Петар имаше меч, го извлече, го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече десното уво; а името на слугата му беше Малх. Тогаш Исус му рече на Петра: „Стави го мечот во ножницата! Зар да не ја пијам чашата, што ми ја даде Мојот Татко?“
Прочитај ЈОВАН 18
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЈОВАН 18:4-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа