Јован 17:1-5
Јован 17:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Откако Исус ги искажа овие работи, го подигна погледот кон небото и почна да се моли: ”Татко, дојде часот да Го прославиш Својот Син, за да може Синот да Те прослави Тебе; зашто, Ти Му даде власт над сите луѓе, да може да им даде вечен живот на сите оние што Му ги имаш дадено. А вечен живот е ова: да Те познаат Тебе, единствениот вистински Бог, и Исус Христос, Кого Ти Го испрати‘. Јас Ти донесов слава овде на Земјата со тоа што ја извршив задачата што Ти ми ја довери. А сега, Татко, врати ми ја одново славата што ја имав со Тебе пред создавањето на светот.
Јован 17:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ова го кажа Исус, па ги подигна очите Свои кон небото и рече: „Оче, дојде часот; прослави Го Својот Син, за да Те прослави и Синот Твој, како што си Му дал власт над секое тело, та на сѐ што си му дал, да му даде вечен живот. А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исус Христос. Јас Те прославив на Земјата; го извршив делото, што си ми го дал да го извршам. И сега, прослави Ме Ти, Оче, во Тебе Самиот, со славата што ја имав во Тебе уште светот пред да настане.
Јован 17:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога Исус го изговори тоа, ги подигна очите кон небо-то и рече: „Татко, часот дојде! Прослави Го Својот Син, за да Те прослави Синот Тебе, како што си му дал власт над секое тело, па да му даде на сѐ - што си Му дал - вечен живот. А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исуса Христа, Кого си Го испратил. Јас Те про-славив на земјата, го свршив делото, што Ми го даде да го извршам; а сега, Татко, прослави Ме Ти - во Себе Самиот - со славата што ја имав при Тебе, пред создавањето на светот.“