Ова го кажа Исус, па ги подигна очите Свои кон небото и рече: „Оче, дојде часот; прослави Го Својот Син, за да Те прослави и Синот Твој, како што си Му дал власт над секое тело, та на сѐ што си му дал, да му даде вечен живот. А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исус Христос. Јас Те прославив на Земјата; го извршив делото, што си ми го дал да го извршам. И сега, прослави Ме Ти, Оче, во Тебе Самиот, со славата што ја имав во Тебе уште светот пред да настане.
Прочитај Јован 17
Слушај Јован 17
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 17:1-5
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа