Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 14:15-26

Јован 14:15-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Ако имате љубов спрема Мене, ќе го правите она што ви го заповедам. А Јас ќе побарам од небесниот Татко и Тој ќе ви даде друг Помошник, Кој ќе остане со вас засекогаш. Тоа е Духот Кој ќе ви ја открива вистината. Световните луѓе не се во состојба да Го примат Него, затоа што не Го гледаат, ниту Го познаваат. Вие Го познавате Светиот Дух, зашто Тој е со вас и ќе продолжи да живее во вас. Нема да ве оставам сираци - Јас ќе се вратам кај вас! Уште малку и светот повеќе нема да Ме гледа, но вие ќе Ме гледате; и бидејќи Јас живеам - ќе живеете и вие. Кога ќе дојде тој ден, ќе сфатите дека Јас сум едно со Мојот Татко, вие сте едно со Мене и Јас сум едно со вас. Тој што ги прифаќа Моите заповеди и ги исполнува - покажува дека Ме сака. А секој што Ме сака, ќе биде сакан и од Мојот Татко и од Мене и Јас ќе му се објавам.“ „Господе“, - Му рече Јуда (не Јуда Искариот, туку другиот) - „Како можеш да ни се објавиш нам, а не и на светот?“ Исус му одговори: „Ако некој Ме сака, ќе му се покорува на Моето учење. Тогаш Мојот Татко ќе го засака и Ние ќе дојдеме кај тој човек и во него ќе живееме. А тој што не Ме сака, нема да му се покорува на Моето учење. Зборовите што ги слушате не се Мои, туку на Оној што Ме испрати, а тоа е небесниот Татко. Ова ви го кажав уште додека сум кај вас. Но небесниот Татко, наместо Мене, ќе ви Го испрати Светиот Дух да ви биде Помошник. Тој ќе ве научи на се и ќе ве потсети на се што Јас ви кажував.

Јован 14:15-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

„Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди. Јас ќе Го помолам Отецот, и Тој ќе ви даде друг Утешител за да биде со вас довека, Духот на вистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го виде, ниту Го познава; а вие Го познавате, зашто во вас е и во вас ќе биде. Нема да ве оставам сираци; ќе дојдам кај вас. Уште малку и светот веќе нема да Ме гледа; а вие ќе Ме гледате, зашто Јас живеам и вие ќе живеете. Во оној ден вие ќе разберете дека Јас сум во Мојот Отец и вие сте во Ме­не, и Јас сум во вас. Кој ги има заповедите Мои и ги па­зи, тој е оној што Ме љуби; а кој Ме љу­би Мене, возљубен ќе биде од мојот Отец; и Јас ќе го возљубам, и ќе му се ја­вам Сам.“ Му рече Јуда, не Искариот: „Гос­по­ди, зошто сакаш нам да ни се јавиш, а не на светот?“ Исус одговори и му рече: „Ако не­кој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме кај него и живеалиште во него ќе на­правиме. Кој не Ме љуби, не го запазува сло­вото Мое; а словото што го слушате, не е Мое, туку на Мојот Отец, Кој Ме ис­прати. Ова ви го реков, бидејќи сум со вас. А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Тој ќе ве научи на сѐ и ќе ви на­помни за сѐ што сум ви зборувал.

Јован 14:15-26 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

“Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди. И Јас ќе Го молам Мојот Татко, и Тој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека: Духот на Вистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го гледа, ниту Го познава. Вие Го познавате, зашто Тој престојува при вас и ќе биде во вас. Нема да ве оставам сираци, ќе дојдам при вас. Уште малку, и светот веќе нема да Ме гледа, а вие ќе Ме видите; зашто Јас живеам и вие ќе живеете. Во оној ден ќе сознаете дека Јас Сум во Мојот Татко, и вие во Мене и Јас во вас. Кој ги има Моите заповеди и ги пази, тој Ме љуби; а кој Ме љуби Мене, него ќе го љуби Мојот Татко, и Јас ќе го љубам, и ќе му се јавам Сам.“ Му рече Јуда, не Искариот: „Господи, што е тоа: дека ќе ни се јавиш нам, а не на светот?“ Исус во одговор му рече: „Ако некој Ме љуби, ќе го држи Моето Слово, и Мојот Татко ќе го љуби: при него ќе дојдеме и при него ќе се настаниме. Кој не Ме љуби, не ги држи Моите зборови; а Словото што го слуша-те, не е Мое, туку е од Мојот Татко, Кој Ме испрати.“ “Ова ви го зборував, додека бев при вас; а Утешителот, Светиот Дух, Кого Татко Ми ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи сѐ и ќе ве потсети на сѐ што ви реков.