Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 14:15-26

ЈОВАН 14:15-26 MKB

“Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди. И Јас ќе Го молам Мојот Татко, и Тој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека: Духот на Вистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го гледа, ниту Го познава. Вие Го познавате, зашто Тој престојува при вас и ќе биде во вас. Нема да ве оставам сираци, ќе дојдам при вас. Уште малку, и светот веќе нема да Ме гледа, а вие ќе Ме видите; зашто Јас живеам и вие ќе живеете. Во оној ден ќе сознаете дека Јас Сум во Мојот Татко, и вие во Мене и Јас во вас. Кој ги има Моите заповеди и ги пази, тој Ме љуби; а кој Ме љуби Мене, него ќе го љуби Мојот Татко, и Јас ќе го љубам, и ќе му се јавам Сам.“ Му рече Јуда, не Искариот: „Господи, што е тоа: дека ќе ни се јавиш нам, а не на светот?“ Исус во одговор му рече: „Ако некој Ме љуби, ќе го држи Моето Слово, и Мојот Татко ќе го љуби: при него ќе дојдеме и при него ќе се настаниме. Кој не Ме љуби, не ги држи Моите зборови; а Словото што го слуша-те, не е Мое, туку е од Мојот Татко, Кој Ме испрати.“ “Ова ви го зборував, додека бев при вас; а Утешителот, Светиот Дух, Кого Татко Ми ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи сѐ и ќе ве потсети на сѐ што ви реков.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со ЈОВАН 14:15-26