Јован 13:12-17
Јован 13:12-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Откако им ги изми стапалата и ја облече наметката, Исус повторно седна и им рече: „Сфаќате ли што направив за вас? Ме нарекувате Учител и Господ, и со право така велите, зашто Јас навистина сум тоа. Кога Јас, вашиот Господ и Учител, ви ги измив стапалата, тогаш и вие треба да си ги миете стапалата еден на друг. Јас ви дадов пример за да постапувате и вие како што Јас постапив со вас. Ве уверувам дека слугата не е поголем од господарот, ниту пратеникот од оној што го испратил. Штом ги знаете овие работи, благословени ќе бидете ако ги извршувате.
Јован 13:12-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А кога им ги изми нозете, ја облече облеката и седна пак на трпезата, па им рече: „Знаете ли што ви направив? Вие Ме нарекувате Учител и Господ; и право велите, бидејќи сум. Ако, пак, Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, тогаш и вие сте должни еден на друг да си ги миете нозете. Затоа ви дадов пример да правите и вие така, како што ви направив Јас. Вистина, вистина ви велам: нема слуга поголем од својот господар, ниту пратеник поголем од оној што го пратил. Кога го знаете ова, блажени сте ако го извршувате.
Јован 13:12-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога им ги изми нозете, ја зеде својата горна облека и пак седна на трпезата и им рече: „Разбравте ли, што ви сторив? Вие Ме викате Мене Учител и Господ, и право велите, зашто тоа Сум. И така, ако Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, и вие сте должни да ги миете нозете еден на друг; зашто ви дадов пример и вие да правите онака, како што ви направив Јас. Вистина, вистина ви велам: слугата не е поголем од својот господар, ниту пратеникот е поголем од оној, кој го пратил. Кога го знаете ова, блажени сте - ако го исполнувате тоа.