Еремија 33:14-16
Еремија 33:14-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Еве настапуваат дни, вели Господ, кога ќе го исполнам ова добро слово, што го изреков за домот Израелов и за домот на Јуда. Во тие дни и во тоа време ќе благословам на Давид да му израсте фиданка на правдата, и Тој ќе изврши суд и правда на земјата. Во тие дни Јуда ќе биде спасен, и Ерусалим ќе живее безопасно и ќе Му стават име: „Господ е наша правда!“
Еремија 33:14-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Еве, доаѓаат денови - говори Господ - кога ќе го исполнам доброто ветување што им го дадов на Израелевиот дом и на Јудиниот дом: Во оние денови и во она време ќе му подигнам на Давида праведен Подник. Тој ќе владее со земјата по правосудство и по правда. Во оние денови Јудеја ќе биде спасена, Ерусалим ќе живее спокојно. А градот ќе се вика: „Господ, наша Правда.“