Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 31:9-13

Еремија 31:9-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тие отидоа со солзи, Јас, пак, ќе ги вратам со утеха; ќе ги поведам покрај потоци со води, по рамен пат, по кој не­ма да се сопнуваат; бидејќи Јас сум Отец на Израел, и Ефрем е Мојот првороден. Чујте го, народи, словото Госпо­дово и разгласете го по островите да­лечни и кажете: Оној што го расеа Израел, Тој и ќе го собере и ќе го пази како што го прави тоа пастирот со своето стадо; зашто Господ ќе го откупи Јаков и ќе го избави од рацете на оној, кој беше посилен од него. И тие ќе дојдат и ќе се радуваат на сионските височини, и ќе се стрчаат кон добрата Господови, кон пченицата, ви­ното и маслото, кон јагнињата и воло­вите; и душата нивна ќе им биде како градина напоена со вода, и веќе нема да се измачуваат. Тогаш девојката ќе се радува на оро, а и младите и старите заедно; и тагата нивна ќе се претвори во радост, ќе ги утешам и ќе ги зарадувам по нивната болка.

Еремија 31:9-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Еве, тргнаа со солзи, сега ги враќам утешени! ќе ги водам покрај поточните води, по рамен пат на кој не ќе се сопнуваат, зашто Јас Сум му татко на Израел, Ефрем е Мој првенец. Чујте го, о народи, Господовото слово, објавете го ширум во далечните острови: ‘Оној што го распрсна Израел пак го собира и го чува како пастирот своето стадо!’ Зашто Господ го ослободи Јакова, го избави од рацете на посилниот од него. И тие, воскликнувајќи радосно, на Сионскиот Врв, ќе се науживаат во Господовите добра: жито, масло, младо вино, јагниња и телиња; душата ќе им биде како навадена градина, никогаш веќе не ќе гинат. Девојките ќе се веселат на танец, младо и старо заедно, зашто тагата ќе им ја претворам во радост, ќе ги утешам и ќе ги развеселам по жалоста.