Еремија 31:15-17
Еремија 31:15-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Така вели Господ: глас се слуша во Рама, пискот и горко плачење: Рахила плаче за децата свои и не сака да се утеши за нив, зашто ги нема. Така вели Господ: задржете го гласот свој од плачење и очите свои – од солзи, зашто за трудот твој има награда, вели Господ, и тие ќе се вратат од непријателската земја. И надеж има за твојата иднина, вели Господ, и твоите синови ќе се вратат во пределите свои.
Еремија 31:15-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Господ зборува вака: „Чуј! Во Рама се слуша ридање и горчлив плач: Рахела ги оплачува своите синови, и не сака да се утеши за децата зашто нив веќе ги нема.“ Господ зборува вака: „Прекрати да ридаш, избриши ги солзите во очите! Твоите страдања ќе бидат наградени: тие ќе се вратат од непријателската земја. Има надеж за твоето потомство - говори Господ - твоите синови ќе се вратат во својот крај