Еремија 30:17-18
Еремија 30:17-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ќе ги обложам и ќе ги излекувам твоите рани, вели Господ. Тебе те нарекуваа отфрлен, велејќи: „Еве го Сион, за кого никој не прашува.“ Така вели Господ: еве, ќе ги вратам заробените од шаторите на Јаков и ќе се смилувам на нивните живеалишта, и градот пак ќе биде изграден на својот рид, а и храмот ќе биде обновен, како што си беше.
Сподели
Прочитај Еремија 30Еремија 30:17-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но Јас ќе те исцелам, ќе ти ги залечам раните - зборува Господ. Те викаа „Истераната“ и „Сионка, за која никој не прашува.“‘ Господ зборува вака: ‘Еве, ќе ја изменам судбината на Јакововите шатори, ќе им се смилам на неговите шатори: врз неговите урнатини пак ќе биде соѕидан град, и дворците ќе стојат на старото место.
Сподели
Прочитај Еремија 30